дома Социјални Мрежи ДРЖАВАТА ЈА ВОДИ НЕПИСМЕНА БАРГА: Ај што не ги знаат туѓите, и...

ДРЖАВАТА ЈА ВОДИ НЕПИСМЕНА БАРГА: Ај што не ги знаат туѓите, и нашето знаме не го знаат

По низата гафови на Владата поврзани со официјалните знамиња на државите, со свој коментар се јави и Влатко Стојаноски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Почнаa со Курц, го пречекаа со латвискo знаме.
Сагата продолжи со Тимоние, каде што беше пречекан со холандското знаме.
Народот ги истрола и заклучија дека сите им бегале од часови по географија и нема никој доветен, па Брнабиќ 🇷🇸ја пречекаа без знаме ❌ за да не пукне брука повторно.
И откако се опуштивме и мислевме дека нема повеќе гафови – на Ѓукановиќ 🙃 му го свртија наопаку, а се заблагодарија на Јемен наместо на Холандија за НАТО.
Денес, како јагода на шлагот го згрешија и нашето.

Нас нѐ води проста и неписмена багра која прави да бидеме за потсмев насекаде низ светот,🌏 и просто се чудам како две децении истите фаци опстојуваат на политичкава сцена, пишува Стојаноски на Фејсбук.