дома Политика ДРЖАВАТА ЌЕ БРКНЕ ВО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Прогресивниот данок не е реформа,...

ДРЖАВАТА ЌЕ БРКНЕ ВО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Прогресивниот данок не е реформа, тоа е крадење од народот!

Даночната реформа, како што ја нарекува СДСМ новата метода на прогресивно одданочување на граѓаните, според Мицкоски не е ништо повеќе од бркнување во џебот на граѓаните. Мицкоски објаснува дкеа со прогресивото одданочување ќе се краде од граѓаните за да се полни државната каса, а притоа со тие пари нема да се произведе никаква додадена вредност која ќе ги оправда зголемените даноци, вели Мицкоски во интервју за Курир.мк

„Пластично тоа значи дека ќе бркнат во џебот на граѓанинот за да стават повеќе во државната каса, а притоа не произведуваат додадена вредност поради која ќе го оправдаат тоа зголемување на даноци. Се сеќавам кога беше владата на ВМРО-ДПМНЕ кога имаше идеја за оданочување на хонорарите, и тогаш се наиде на силен отпор на уметници, режисери, оние кои произведуваат интелектуален труд и така заработуваат за семејствата. Ние од таа идеја се откажавме. Сега не само што владата планира оданочување на хонорарите, туку и кириите, банкарските депозити, платите.

Знаете има катастрофална лоша економска слика, има криминал кој цвета, се краде на ангро, Владата прави криминални иновации, крвави тендери кои завршуваат во приватни џебови и се тоа тоа треба да се плати, и тие сакаат да го наплатат од џебот на граѓаните. Повисоките даноци нема да ги зголемат приходите туку ќе го отповарат стопанството, ќе има можно зголемување на цени, а воедно се праќа негативна порака и до стопанствениците и инвеститорите. Ова ли е животот кој го ветуваа. Нема 500 евра плата ама има повисоки даноци, животот станува прескап. Владата не создава вредност во општеството, нема капитални инвестиции.

Земаат пари од граѓаните за да се луксузираат. Нели викаа парите кај граѓаните. Сега што гледаме, гледаме дека наместо да даваат земаат од граѓаните, земаат од бензините, земаат од цените кои растат заради растот на бензините, земаат од платите, земаат од даноците, а што прават и за што земаат, земаат за да трошат за цвекиња, за нови џипови во кои се возат,за тендери, за роднини… Ова е грабеж, нема друг збор.

Плус тоа што е контрапродуктивна, оваа политика со даноците е неука. Ако еден ИТ инжинер, или уметник, или автор, или советник од 25, 35 години има плата од 1500 евра, а живее под кирија, богат ли е тој? А ако некој како господата од Владата, премиерот, потпретседателите, министри земаат 1500 евра и имаат 4 или 5 стана, Масерати, викендици, и што ли уште не тие не биле богати? Едноставно со оваа мерка на Владата ќе се развие сивата економија и дополнително млади ќе си заминуваат од земјата.

Не исклучувам и протесни маршови доколку оцениме дека тоа ќе помогне да не се донесе, а она што можам да го ветам е дека на прва седница откако ќе ја добиеме довербата од граѓаните ќе ги укинам повисоките даноци.“ – објаснува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.