дома Македонија Државната секретарка на Франција: Мapшот на Северна кон ЕУ не е доведен...

Државната секретарка на Франција: Мapшот на Северна кон ЕУ не е доведен во прашање

Државната секретарка за европски прашања на Франција Амели де Моншалан ја искористи приликата пред Националното собрание, каде се дебатираше за Предлог-законот за ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, уште еднаш да ги објасни француските позиции за проширувањето на ЕУ, јавува дописникот на МИА.

Според Моншалан, европската перспектива на Македонија, како и на сите земји од Западен Балкан беше призната на Самитот во Загреб и во Солун и земјата беше призната како кандидатка во 2005.

Сакам да кажам дека европската перспектива, тој марш кон членството не е доведен во прашање, туку напротив, рече таа пред Националното собрание.