ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛИГА ВО БОКС: Голема финансиска поддршка за спортистите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат популарни спортови за кои Македонија има успешна традиција кои не се професионално организирани во соодветна спортска лига. Токму преку оваа мерка ќе се издвојат до 700 илјади евра годишно за финансирање на таквата лига. Спортовите чии создавање на лиги ќе се финансира ќе бидат различни, а првиот спорт кој ќе го поддржиме да формира лига е боксот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој пред два дена промовираше значајни мерки за поддршка на спортот.

415538-zlatkov-so-novite-merki-na-boksot-vo-makedonija-kje-bide-spasen

Ова ќе значи голем добробит, силна мотивација и поддршка за спортистите и спортските работници, но и можност за Македонија да избори успеси ширум светот.

Формирањето на лига ќе изроди квалитет кој потоа ќе овозможи негово самостојно финансирање. Со цел формирање на лигата ќе се организира квалификационен турнир од страна на Агенцијата за млади и спорт на сите клубови кои ќе се пријават, при што најдобрите  8 тима односно клубови ќе влезат во прва лига, а вторите 8 во втората лига. Оваа лига ќе започне да функционира од септември 2017-та година.

350 евра ќе изнесува паричната исплата за секој поединечен боксер победник на меч. Ако мечот се игра во прва лига, на поразениот боксер ќе му бидат исплатени 150 евра. Ако резултатот е нерешен, двајцата натпреварувачи ќе добијат по 200 евра. Високи се паричните награди и за оние во втората лига, односно овие боксери ќе земаат само 30% помали суми од нивните колеги во прва лига.

Тренерите во овој спорт ќе бидат исплаќани по 200 евра за меч, а нивните помошници 100.  Финансиска поддршка ќе се обезбеди и за лекарите, делегатите и судиите.

gruevski-govor

Колку може да заработат боксерите, тренерите, клубовите?

Во првата лига еден боксер доколку победи на сите 14 натпревари колку што траат натпреварувачките кола, може потенцијално да заработи 4 900 евра само по основ победи на натпревари, а доколку е натпреварувач во втора лига ќе земе 30% помалку односно 3430 евра. Доколку пак на половина односно 7 од натпреварите загуби и на 7 натпревари победи натпреварувачот од прва лига ќе освои 2 600 евра. Доколку пак истиот на 10 натпревари победи, а на два изгуби и два издвојува нерешени резултати практично би заработел 4 200 евра.

Еден тренер пак за време на 14 кола колку што ќе се одигруваат за 7 месеци натпреварување ќе заработи по 2 800 евра, а помошникот тренер 1400 евра, лекарот на натпреварите кој ќе има обврска да ги следи и тренинзите би работел за 1400 евра, а толку ќе земаат и судиите и делегатите.

Клубот шампион ќе добие 20 илјади евра награда, вице шампионот 10 илјади евра награда.

Ќе се набавува и еднократна опрема за боксерите. Па така од вкупно 16 клуба од прва и втора лига, или вкупно по 10 парчиња за еден клуб за боксерски ракавици би се инвестирале 11.200 евра, за дресоци 9.600 евра, за заштитни маски за глава 9.600 евра, за нови заштитници за заби, за опрема како вреќи 100.000 евра, опрема за тренери, нови рингови итн.

Победа на клубот носи 2 бода, пораз нула, нерешено по 1 бод. Еден викенд би имало коло во првата лига, а втор викенд во втората лига меѓу септември и мај. Втората лига ќе биде поделена на втора лига исток и запад. Шампионите од двете лиги би влегувале во првата лига. За тие клубови кои се надвор од прва и втора лига би се организирал годишен турнир еден во источниот и еден во западниот дел на Македонија. Победниците би влегле во втора лига, а последните два од втора лига би испаднале и би чекале шанса за следната година преку турнирот да влезат во втора лига.

-Станува збор за популарен олимписки спорт, кој иако кај нас е присутен нема задоволително ниво на организација односно лига, а имаме успешна трација на врвни и успешни боксери од минатото што значи има доволно стручен кадар. Формирањето на лига ќе изроди квалитет кој потоа ќе овозможи негово самостојно финансирање. Надвор од државниот надомест наменет за секој боксер, ако клубот обезбеди дополнителни спонзорства со новите можности за ослободување на данок на добивка може да им се даде и додатни средства на своите боксери и тренери, рече Груевски презентирајќи ја мерката.

Втор спорт за кој има размислување да се поддржи формирање на лига е карате за жени и мажи и тоа со почеток од септември 2018-та, а во наредните години ќе продолжи и поддршка на други спортови кои немаат свои лиги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This