дома Македонија Државниот врв на одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците

Државниот врв на одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците

Бошњаците во Македонија, со свечена прослава го одбележаа меѓународниот ден на Бошњаците 28 Септември.

Синоќа беше организиран свечен прием од страна на Здружението на Бошњаци во Македонија, на која беа присутни претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, претседателот на Владата Емил Димитриев, како и министерот за надворешни работи и вицепремиер Никола Попоски.

-Веќе 10 години по ред, со измената на законот за празници во Македонија се слави Денот на Бошњаците. Ова е само еден од низата чекори со кои на Бошњаците во Република Македонија им се потврди статусот на рамноправност и чувство на припадност кон својата татковина Република Македонија. Бошњаците во Македонија имаат повеќе вековен континуитет и секогаш биле прогрсивен елемент во борбата за формирање на слободна и независна Македонија, рече Зекир Рамчиловиќ, потпретседател на АВАЗ.

На прославата беа доделени и благодарници, на Бошњаци кои учествувале како хуманитарци за време на поплавите кои го зафатија скопскиот регион.

Станува збор за студентката Алмина Алиовиќ и Даут Мујовиќ-возач на автобус кој спаси неколку човечки животи.