Дрзок атак на владата врз медиумите, „на 5 минути“ пред завршување на вонредната состојба преполовени буѕетите за рекламирање.
Само неколку часа пред завршување на вонредната состојба Владата на СДСМ донесе вонредна уредба со кој изврши упад во изборниот закон и начинот на распределба на буџетите за рекламирање со кој без консезус и на штета на сите медиуми ги преполови буџетите за рекламирање. На овој начин медиумите се клекнуваат на колена.
Дека се работи за шверцерски упад покажува тоа што законот е прикачен на страницата на Владата дури еден час по полноќ по завршување на вонредната состојба. Со ова СДСМ и власта прават директен атак врз медиумите. Злоупотребена е и вонредната состојба чиј гарантор требаше да биде претседателот Стево Пендаровски.