дома Социјални Мрежи ДРУГАРИТЕ ОД УЛИЦА СЕ ИСКАРАА НА ФБ: Здравко Савевски му порача на...

ДРУГАРИТЕ ОД УЛИЦА СЕ ИСКАРАА НА ФБ: Здравко Савевски му порача на Богоевски дека единствено од што може да биде уморен е од катастрофалните грешки кои ги направи СДС!

Здравко Савески од Левица денеска преку Фејсбук го прозва пратеникот на СДСМ и поранешен член на т.н. Шарена Револуција, Павле Богоевски и го праша од што се изморил, дали од 80-те илјади денари плата, од климитизираните услови во Собранието или од К-15 во висина од најмалку просечна плата.

Павле се уморил, бе. Абе, Павле, ти земаш на 80.000 денари плата, не те експлоатира никој газда, работиш во климатизирани услови, ќе добиеш К-15 во висина од најмалку просечна плата… И, уморен си? Оф леле, гревче.

Единствено може да бидеш уморен од наоѓањето изговори за грешките што почнавте наголемо да ги правите, по само 60 дена на власт. Па фино лепо да го осудиш, на пример, обидот за замачкување од страна на МВР на тоа што никој не понесе командна одговорност за лишувањето од слобода на лица кои мирно протестираа. Нели, тебе особено правото на мирен протест ти е свето право, се вели во статусот на Савески.