дома Занимливости Дружењето го намалува ризикот од депресија

Дружењето го намалува ризикот од депресија

Истражувачите од американската Massachusetts General Hospital (MGH), во својата нова студија идентификуваат и издвојуваат сет на варијабилни ризик-фактори за развој на депресија (од стотици утврдени постоечки), односно фактори кои придонесуваат за развој на депресија, а на кои можеме некако да влијаеме. Ова е многу важно во однос на превенцијата од депресијата и сличните психолошки нарушувања.

Студијата е објавена во познатото научно списание The American Journal of Psychiatry, а тимот истражувачи во неа ја утврдува социјалната поврзаност како најсилен заштитен фактор од депресијата. Дополнително, утврдено било и дека со избегнувањето на седечкиот начин на живот, на дневните дремки и редовното мултивитаминско суплементирање, може исто така да се намали ризикот од депресијата.