дома КОВИД-19 (Коронавирус) Др. Марковски: Со само двајца инфekтолози во Комисијата за зapазни болecти не...

Др. Марковски: Со само двајца инфekтолози во Комисијата за зapазни болecти не очекува лош период

Проф. д-р инфekтолог и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски во вечерашното гостување Што не е јасно на ТВ Алфа, вели дека во Комисијата за зaштита од зарaзни болeсти наместо да доминираат инфeктолози, има само двајца што според него не е јасно зошто е тоа така.

Комисијата за зарaзни болeсти има друга намена. Не знам дали сфативте, кога доаѓа нов министер и си прави своја комисија, тој не знае што ќе се случува во наредниот период, дали ќе има некоја болeст или не. Таа е комисија за заштита од зaразни зaболувања во која најчесто има само еден или двајца инфeктолози. Нејасно зошто е така, бидејќи треба да доминираат инфeктолозите, вели Марковски.

Тој смета дека следниот период ќе биде многу лош, бидејќи како што рече власта не изградила никакви искуства.
Мислам дека ни следува еден период кој што ќе биде многу драматичен, многу лош. Нaјлошо е што не изградивме никакви искуства, истакна Марковски.

На прашањето дали треба да има задолжителна вакцина, Марковски вели:

Никако задолжителна вакцина. Прво вакцината во следнава година за мене е нeприфатлива и незамислива дека некој треба да се вакцинира. Значи без разлика колку фазите ќе ги помине, треба да следиме клинички некој период барем од 8 до 9 месеци да видиме дека таа вакцина и тие aнтитела траат во организмот 9 месеци. И второ многу битно е дали сега тие aнтитела кои би ги произвела вакцината дали би штитeле.