дома Социјални Мрежи ДР МИХАЈЛОВСКА: Вчерашното дежурство е само предвесник на тоа што нè очекува

ДР МИХАЈЛОВСКА: Вчерашното дежурство е само предвесник на тоа што нè очекува

Медицинските лица од нашата држава, кои со сите сили се обидуваат да го ублажат ударот од коронавирусот, неуморно апелираат да се почитуваат препораките. По 24-часовно дежурство во истоштувачки услови за работа со целосна заштитна опрема, д-р Марија Михајловска со загрижувачка фотографија од колона амбулантни возила кои превезуваат пациенти до Општата градска болница „8-ми септември“, таа предупредува да бидеме многу претпазливи и да не ги игнорираме препораките.

Вчерашното дежурство е само предвесник на тоа што нè очекува.
Ве молам почитувајте ги препораките за побрзо да ја надминеме оваа ситуација.
Не дозволувајте да бидеме “ИТАЛИЈА НА БАЛКАНОТ”!