дома Македонија Др. Ненад Лазаров: Се појави нов виpyс – доста е зapазен и...

Др. Ненад Лазаров: Се појави нов виpyс – доста е зapазен и може да се повторува

Сите сме фокусирани и преокупирани со корона вирусот, но во летните месеци меѓу популацијата циркулираат и други вируси, кои исто така можат да бидат сериозни по здравјето на луѓето.

Научниците предупредуваат дека особено сложено ќе биде оваа есен, кога покрај пандемијата со корона вирусот, ќе стане актуелен и сезонскиот грип. Симптомите се слични, што може да доведе до уште поголема загриженост кај пациентите.

За еден актуелен сезонски вирус, прилично новиот Ротавирус, информира матичниот лекар др. Ненад Лазаров, кој е особено популарен на социјалните мрежи:

Ротавирус предизвикува сериозен (гастро)ентерит со интензивна симптоматологија, обично трае неколку дена, но има брза инкубација и е доста заразен. Сезона му е сега и веќе има по некој случај, лани имавме безмалку мала епидемија, од изложеност 3 пати во 2 месеци го добив, не остава имунитет веднаш по прележување исто така, барем не толку брзо за да не може да ти се случи и втор пат во една сезона. Уште една причина за редовно и често миење раце. Комбинацијата од rotavirus и coronavirus не се препорачува… Вакцинирајте ги децата.
Потоа во коментари, докторот Лазаров им објаснува на загрижените пациенти повеќе околу вирусот. На прашањето како е можно да се заразил неколку пати во период од два месеци, Лазаров одговара:

Јас прегледував по неколку луѓе на ден со оваа вироза во еден период лани, затоа и толку пати кркав.
На прашањето, дали е можно да се изгради имунитет на вирусот, Лазаров вели:

Имунитетот се гради, но не во 1-2 месеци. Затоа јас имав 3 пати во 2 месеци. Среќа што ја има вакцината, инаку кај мали бебиња може да биде доста сериозно. Генерално, и секоја наредна реинфекција би требало да биде со помал интензитет на симптомите, што во мојот случај не беше пример. Поентата ми е, премногу очекуваме од имунитетот човечки за прекратко време. Ова е нов непријател, треба време…
На прашањето како е можно некој да се зарази 2-3 пати, да не создаде имунитет, а вакцината да го создаде имунитетот, др. Ненад Лазаров одговара:

Се создава имунитет, но за тоа му треба време на имунитетот да научи, затоа во подолг интервал во мали “дози”, со вакцина, го презентираме вирусот на имунитетот за да може да го “научи”. Во спротивно, при болест, имунитетот го елиминира непријателот во случајов вирусот целосно. Имунитетот нема бескраен капацитет на “меморија”.