дома Спорт ДРAMA ВО СОФИЈА: Тренерот падна на колена пред судијата

ДРAMA ВО СОФИЈА: Тренерот падна на колена пред судијата

Фудбалерите на ЦСКА и Лудогорец ги поделија бодовите во Софија во рамките на 18-тото коло од бугарската Прва лига, откако одиграа нерешено 1:1.
На натпреварот не му недостигаше драма: по голот на гостите, полувремето заврши 0:1, а во второто полувреме Лудогорец ја заврши средбата со десет играчи, откако еден играч доби втор жолт картон во 90-та минута.

Меѓутоа, натпреварот ќе остане запаметен по бизарната сцена во која главна улога играше тренерот на домашната екипа Нестор Јефтиќ.

Српскиот тренер беше разочаран кога виде дека судијата одлучи да го продолжи мечот само две минути.

Прво се тркалаше на тревата, а потоа се сврти кон четвртиот судија, клекна на колена и почна да се моли, безуспешно, да се продолжи натпреварот уште на четири минути.