дома Русија ДУЕЛ ПОМЕЃУ СНАЈПЕРИСТИ: Српски снајперист погоден од украински во Доњецк

ДУЕЛ ПОМЕЃУ СНАЈПЕРИСТИ: Српски снајперист погоден од украински во Доњецк

За време на борба во близина на Доњецк, застрелан е познатиот српски снајперист мајор Дејан Бериќ, пренесуваат медиумите во ДНР

Како што се соопштува, за време на снајперскиот дуел Деки бил ранет од украински снајперист, но панцирот го запрел куршумот.

Куршумот не ја пробил челичната плоча, по што Бериќ се здобил со полесни повреди. Според информациите, Бериќ за неколку дена би можел да се врати во редовите на војската.

Мајорот Бериќ, повеќе пати тешко и лесно е рануван, а минатата година, куршум ја погодил оптиката на неговата снајперска пушка.