дома Актуелно ДУИ го добива министерството за одбрана

ДУИ го добива министерството за одбрана

Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции на местото на Никола Димитров, за кого ќе нема место во новата влада, а Маричиќ ќе остане на функцијата секретар во СДСМ, дознава 24 ИНФО од партиски извори.
Вицепремиерот Љупчо Николовски се враќа во министерството за земјоделие, кое ДУИ ќе го отсапи на СДСМ во замена за министерството за одбрана, од кое Радмила Шекеринска најави дека ќе се повлече. Директорката на УЈП и заменик претседател во СДСМ Сања Лукаревска ќе остане на партиската функција но можно е да ја добие вицепремиерската функција за борба против корупција.