дома Македонија ДУИ НЕ ГО ФАЌА МЕТЛА: Paзрешените директори на ДУИ ќе добијат нови...

ДУИ НЕ ГО ФАЌА МЕТЛА: Paзрешените директори на ДУИ ќе добијат нови позиции

Некои во државни и владини институции, а некои во партиски позиции е она што ги очекува paзрешените директори и управители на јавни и државни институции од ДУИ, пренесува ЦивилМедиа.

Тие ќе добијат нови задачи и нема да добијат „метла“ како што се остави впечаток во јавноста при најавата за реконструкција.

Министерот за економија Крешник Бектеши откри дека за дел од paзрешените од страна на премиерот Заев ќе им се даде друга можност, а на оние кои нема да бидат во извршна власт ќе им се даде простор во партиските структури.