ДУИ одлучува: Од ДУИ зависи дали ќе има предвремени избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ бара избори, на Левица и одговара да има, а доколку ДУИ одлучи да има, тогаш предвремени парламентарни избори ќе се случат, вели аналитичарот Газменд Ајдини додавајќи дека математиката е проста и јасна. Според бројот на пратеници, ДУИ е партијата која ако се стави ваков предлог на гласање ќе одлучи дали ќе има избори или не.

„Ако одлучи, ДУИ, овие избори зависат само ако одлучи ДУИ. ВМРО сака избори, Левица сака избори и им одговара, само ако ДУИ одлучи има 61“, истакна Газменд Ајдини во Клик Плус на ТВ 21.

Според Ајдини во моментов партијата која најмалку и одговараат избори е Алтернатива, која не е повеќе во коалиција со Алијанса за Албанците.

„Ако не знаеме нечиј рејтинг, тоа е Алтернатива. Затоа што реално, одеа со Алијанса и имаа 40 посто пад на гласови, од 80.000 на 50.000, како коалиција, заеднички. Хипотетички, ако сметаме дека Алијасна е сепак поголемиот партнер во таа коалиција, на 50.000 гласови, четири пратеника, тешко“, додаде Газменд Ајдини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This