дома Политика ДУИ повика на воздpжyвање од говор на омpaза и на прифаќање на...

ДУИ повика на воздpжyвање од говор на омpaза и на прифаќање на иницијативата „Прв премиер Албанец“

Говорот на омраза и ширењето на национализмот кај македонските политички претставници, зборува за неподготвеност на општеството за целосна рамноправност и за еднаков третман на сите граѓани, се вели во реакцијата на Демократската унија за интеграција која изразува длабока вознемиреност за реакциите по повод почнувањето на легитимната иницијатива за изборот на првиот премиер Албанец во Македонија.

„Првиот премиер Албанец ќе биде премиер на еднаквоста, премиер на сите, на развојот и на американското партнество и ќе ги преставува интересите на секој граѓанин на најдоследен можен начин. Советникот на градоначалникот на општина Бутел, кој исто така е избран со гласовите на Албанците, јавно ја предводеше омразата за идејата на првиот премиер Албанец и на Албанците воопшто, што е разочарувачки потег и за кривична одговорност пред државните органи.

Ние ги повикуваме македонските партии да се воздржат од говорот на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер на нашата земја.