дома Актуелно ДУИ прифатиле предвремени парламентарни избори следната година?

ДУИ прифатиле предвремени парламентарни избори следната година?

Добро би било Артан Груби да излезе и да каже дека ДУИ прифати предвремени парламентарни избори следната година. За разлика од СДСМ/ДУИ, ние нема да навлегуваме во стапицата на националистички тези и романтизми кои ги користат за да го покријат криминалот кој се одвива во позадина – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на вицепремиерот Артан Груби.

Од партијата додаваат:

Имајќи го предвид скромниот капацитет на Артан Груби и неговата политика на сеење омраза, поделби и национализам не очекуваме поинаков пристап од веќе видениот на рекла казала политики.

Груби изјави дека Мицкоски е веќе согласен за во последните 100 дена на Владата на чело да застане премиер Албанец.