дома Македонија ДУИ: Се грижиме за општините

ДУИ: Се грижиме за општините

Граѓаните и квалитетот на живот беа и продолжуваат да бидат приоритет на Демократската Унија за Интеграција во текот на сите овие години, а тоа го докажавме и продолжуваме да го покажуваме со конкретни проекти.
Денес, министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети како и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи извршија увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ, кој е еден од 94-те проекти од ТАВ програмата за поддршка на општините. Се работи за пат долг шест километри со вкупна вредност на инвестицијата од 47 милиони денари.
“За сите проекти кои покажаа економска оправданост предвидени се средства. Владата во соработка со компанијата ТАВ избраа проекти кои се во јавен интерес, како што се локални патишта, водовод и канализација, училчишта, градинки и други проекти. Главната цел е со реализација на вакви проекти да го подобриме животот на граѓаните во сите општини низ државата. Во општина Сарај директно од програмата на ТАВ ќе се реализираат два проекти, а дополнително ќе се реализира и проект за изградба на спортска сала. Со ова покажавме дека локалната власт заедно со Владата може да реализираат проекти во краток рок. Општината аплицираше за овој проект и одобрени се средства за реконструкција на патот од село Буковиќ до Раовиќ кој е во должина од шест километри. Вредноста е 47 милиони денари и ќе се прошири на одредени места и ќе има браници поради положбата на населеното место и за посигурно движење на граѓаните во овој предел. Ова е многу значаен проект за општина Сарај, и со ова се докажува дека и во малите населени места се инвестира и се грижиме за граѓаните без разлика на тоа колку луѓе живеат на одредено место. Изградбата на квалитетна патна инфраструктура за Министерството за транспорт и врски е приоритет над приоритетите и за жителите во овој регион ќе биде од голема важност и ќе влијае во подобрување на квалитетот на нивниот живот“, истакна од ДУИ.
Преку ТАВ Програмата потпишани се 94 договори, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, за реализација на инфраструктурни проекти во речиси сите општини во земјата.