ДУИ ја зајакнува улогата на жената во општеството – во шест општини носителки на листи се жени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Арта Билали Зендели на денешната прес-конференција рече дека листите на ДУИ се содржани од докажани имиња од граѓанскиот сектор, претставници од младите, жени и успешни личности од различни области.

„Овие листи се објективна рефлекција на нашиот фокус во служба на граѓаните да бидат достојни кандидати за да бидат гласот на народот, кои ќе се грижат за принципиелната реализација на целта за квалитетен живот на сите граѓани на земјата. ДУИ ќе се натпреварува со вкупно 35 листи на кандидати за Општински совети, додека со кандидати за градоначалници ќе се натпреваруваме во вкупно 19 општини. Како и секогаш, ја почитуваме адекватната застапеност на жените во политиката, го зајакнуваме гласот на младите во процесите на локалното одлучување во секоја општина и ја унапредуваме на повисоко ниво и соработката со граѓанското општество.

Листите на ДУИ се состојат од професионални и компетентни личности во средината каде што живеат и работат.

Нашите листи се состојат од еминентни имиња од граѓанското општество, претставници на младите, жени, како и успешни личности во различни области.

Во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово, носителите на листите за Општинскиот совет, ќе бидат жени“, изјави Билали Зендели.

ДУИ, како што рече таа, оценува дека со овие личности ќе биде апсолутен победник на локалните избори, каде фокусот ќе биде ставен на реализација на изборната програма која има за цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This