Дуковски: Јавна тајна се митo и kopупција, ако не се поседува потребната документација возилото не може да премине граница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку не се поседува потребната документација по закон не може да се премине граница, во земјата од која излегуваме и каде се влегува се прават дупли контроли, вели Јовица Дуковски од Здружение за превоз на превозници, за „Топ Тема“ на Телма, говорејќи за автобуската несреќа во Бугарија во која животите ги загубија 45 македонски граѓани, а за која се дозна дека автобусот немал лиценца за меѓународен превоз.

Дуковски додаде дека јавна тајна е корупцијата на граница и дека има случаи каде доколку некој не сака да чека почестува некого за да помине побрзо, но дека тие работат тоа да се сузбие.

-Јавна тајна се мито и корупција, поголемиот дел од компаниите се трудиме да го искорениме тоа останато од Југославија и почетоците на државата и да не се поминува така лесно, но главниот проблем е и дивата конкуренција и за да се заштитиме потребна е поголема контрола и сите да работиме легално.

Во однос на тоа кој ги издава потребните документи и што се треба да има едно возило тој изјави дека тие се издаваат во министерството за транспорт и врски.

-Потребните документации кои треба да ги поседува една компанија се неколку сертификати и лиценци. Една компанија доколку вози надвор треба да поседува за меѓународен превоз. Потребно е и секој возач да има сертификат за управување на возилото, а секое возило да има лиценца. За се е надлежно министерството за транспорт и врски. Потребно е да имате колку возила, толку возачи пријавено, ако имате 4 возила, да имате 4 возачи, рече Дуковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This