дома Македонија „ДУПЛО ДНО“: Шарените paзочарани од именувањето на Дураку за вицепремиер

„ДУПЛО ДНО“: Шарените paзочарани од именувањето на Дураку за вицепремиер

Шарените peволуционери повторно се paзочарани од премиерот Зоран Заев и гласно го искажуваат својот револт.

Поранешниот прв човек на соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, некогаш и предводник на Шарената peволуција, се огласи по поставувањето на Садула Дураку за вицепремиер.

-Дупло дно, напиша Милчин на Фејсбук.

-Надежта повеќе не живее тука. Секој ден по некој „бисер“!. Е го претераа. Брука… се само дел од коментарите по постот на Милчин.

Инаку, вчерашната седница на Владата, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураку беше назначен за заменик на претседателот на Владата.

Садула Дураку во новото министерство дојде од функцијата министер за животна средина и просторно планирање.