дома Македонија ДУРАКУ НЕ НИ ПОМИСЛУВА ДА СЕ ИЗВИНИ НА ГРАЃАНИТЕ: Тие што не...

ДУРАКУ НЕ НИ ПОМИСЛУВА ДА СЕ ИЗВИНИ НА ГРАЃАНИТЕ: Тие што не не го разбрале тие да се извинат

На новинарското прашање од ТВ21, да даде објаснување за изјавата дека не е заинтересиран дали граѓаните ќе ја тужат или не државата, министерот Садула Дураку одговори дека граѓаните имаат право да прават што сакаат. -Ние немаме врска со тоа што тие сакаат да го прават, ова е како што кажав пред некој ден изјава извадена од контекст.

-Не, ве молам јас не можам да побарам извинување кога не грешам. Не станува збор за грешка, јас мислам дека тие кои ја извадиле мојата изјава од контекст треба да побараат извинување, одговори Дураку за ТВ21 на прашањето: Значи велите дека изјавата е извадена од контекст, дали би сакале да побарате извинување од граѓаните кои погрешно ја разбрале вашата изјава?