дома Занимливости Душко Тошиќ не штедел воопшто: Иckeшира 300 илјади евpa за нов стан

Душко Тошиќ не штедел воопшто: Иckeшира 300 илјади евpa за нов стан

Сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ станал сопственик на нова зграда во близина на храмот Свети Сава во Белград. За овој стан Душко ангажирал дизајнер на ентериер, а имал и посебно барање.

Душко сакал детските соби да гледаат кон храмот.

Тошиќ, наводно, не штедел пари кога станува збор за овој имот, бидејќи се знае дека становите на оваа локација чинат до 3.000 евра за метар квадратен, а ако се земе предвид дека станот има 100 квадратни метри, овој имот го чинел околу 300.000 евра.

Потсетуваме, фудбалерот веќе поседува стан на Дедиње, каде со години живееше со семејството, а пред неколку години од Драган Стојковиќ -Пикси купи вила за која плати два милиони евра.

Покрај ова, Тошиќ поседува и продавници во центарот на градот што ги изнајмува.