дома Македонија ДУЈОВСКИ НА ЧЕЛО НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ВЕТИНГ ВО МВР: Најави дека...

ДУЈОВСКИ НА ЧЕЛО НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ВЕТИНГ ВО МВР: Најави дека ветингот ќе важи за сите вработени во МВР и идните службеници и ќе се повторува

МВР ќе биде првата државна институција каде ќе се спроведе долгоочекуваниот ветинг. Денеска во министерството се одржа средба на работната група која треба да го изготви планот за спроведување на ветингот а на состанокот е одлучено со неа да раководи деканот на Факултетот за безбедност, професорот Никола Дујовски. Дујовски смета дека ќе успеат да ја подготват програмата за спроведување на процесот најдоцна до крајот на идниот месец како што и побара Владата.


Претседателот на работната група најави дека ветингот ќе важи за сите вработени во МВР и идните службеници и ќе се повторува.

Дујовски смета дека внатре во министерството ќе има отпорт кон ветингот но додава дека е убеден деќа процесот ќе биде успешен.

Работната група која треба да го направи планот за псорведување на процесот е составена од претставници на МВР, Македонскиот полициски синдикат, претставници на Мисијата на ОБСЕ, Амбасада на САД невладиниот сектор и академската јавност.

За начинот на кој ќе се врши ветингот, МВР веќе се консултираше со албанските колеги каде тој процес е веќе завршен а стотина полициски службеници си поднесоа оставки откако одбија да бидат испитувани за потеклото на имотот кој го стекнале во текот на службата.

Ветингот во МВР го најави министерот Оливер Спасовски, а опозицијата веднаш реагираше дека станува збор за пресметка со политички неистомисленици и професионалци во министерството.

Полициските службеници во минатотот при стапувањето во службата беа обврзани да достават анкетни листови но тие никогаш никој не ги проверуваше. Во јануари, со измените на законот за спречување на корупција и судир на интереси се укина таа обврска за полицајците и покрај критиките и укажувањата на домашната и меѓународната експертска јавност.

Извор: ТВ Телма