Д-р Беќаровски: Вистински прележаните од Ковид-19 се обесправени со новите антиковид мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, го сподели своето мислење за најновите предлог мерки за заштита од ковид-19.

„Голем дел од Вас драги пријатели и почитувани новинари, изминативе два дена ме замоливте за мое лично мислење по најновите предлог мерки за заштита од Ковид-19.

Ви благодарам за укажаната доверба и ќе се обидам во рамките на моето скромно знаење, најискрено и најодговорно да Ви го пренесам своето мислење:

Природно стекнатиот имунитет по секоја инфективна болест е најдобриот имунитет.(за жал некогаш цената е прескапа)

Вистински прележаните болни од Ковид-19 се #ДРАСТИЧНО обесправени со новите антиковид мерки.

Ставањето на вистински прележаните болни во иста група со невакцинираните непрележани граѓани е медицински неоправдано !!!!

Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан болен од Ковид-19 во последните 6 месеци, отколку со комплетно вакциниран од пред шест месеци.

Сите прележани од Ковид-19 со релевантен тест за антитела би требало да добиваат ковид пасош, кој би се обновувал на секои три месеци, ако нивото на антитела е задоволително (вредноста би ја одредиле нашите имунолози).

Кај сите постари лица од 50 години, кои во меѓувреме не заболеле од Ковид-19, како и кај сите заболени од имунокомпромитирачки болести давањето на бустер доза е медицински оправдано.

Вакцинацијата на комплетно здрави малолетни лица нема реална медицинска индикација, а кај лица од 18-30 години е пожелна, но не и неопходна.

Масовната вакцинација се уште е најдобар и единствен начин за сузбивање на пандемијата, иако не ги исполни сите очекувања.

Вакцините се најголемото достигнување во современата медицина во последните 150 години.

Почитувани мои, можеби грешам, можеби не сум 100% во право, но ова е моето моментално мислење врз основа на достапните релевантни студии кои ги читам во изминативе 20 месеци и врз основа на моето 32 годишно искуство како лекар“, стои во објавата.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This