дома КОВИД-19 (Коронавирус) Д-р Беќаровски: Кaj cитe пoтeшки фopми нa Koвид-19, нeкoнтpoлиpaнoтo дaвaњe нa киcлopoд...

Д-р Беќаровски: Кaj cитe пoтeшки фopми нa Koвид-19, нeкoнтpoлиpaнoтo дaвaњe нa киcлopoд мoжe дa гo дoyништи вeќe вocпaлeнoтo бeлoдpoбиe

Професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија посочува дека несоодветното давање кислород често може да предизвика многу поголема штета, отколку корист.

-Стравот од Ковид-19, но пред сè стравот од ужасните искуства со „неизмерен глад за воздух“ од една страна и се поголемата лимитираност на болничките капацитети принудија голем дел од нашите граѓани да купат боци со кислород и концетратори за О2, со цел да бидат користени во домашни услови. Во оваа прилика би сакал да напоменам дека оксигенацијата на организмот е цела наука и несоодветното давање на кислород често може да предизвика поголема штета отколку корист. КОНЦЕНТРАТОРИТЕ НА 02 се многу побезбедни во тој поглед бидејќи можат максимално да произведат до 5 литри кислород во минута, доза која ретко може да предизвика хипероксигенација. Боците содржат компримиран О2 кој може да достигне притисок до 12l/min, што посебно при долготрајна неконтролирана употреба може да предизвика многу сериозни компликации. Кај сите потешки форми на Ковид-19, со појава на ПНЕУМОНИЈА, неконтролираното давање на високи дози на кислород може ДОПОЛНИТЕЛНО да го уништи веќе воспаленото белодробие. Неправилната хидратација на кислородот од боците, кој е во гасовита форма, може ДОПОЛНИТЕЛНО да го иритира белодробието.

Неправилното ракување со кислородните боци и ненавременото затворање на вентилот, веќе предизвика ЕКСПЛОЗИИ кај нашите соседи во Бугарија и Србија.

ЗАТОА, многу, многу, многу внимателно со кислородните боци во домашни услови, бидејќи може место на Вашите најмили да им помогнете, многу да им одмогнете.

Медицината е сепак наука која не случајно се учи цели 12 години, напиша д-р Беќаровски на Фејсбук.