дома Македонија Д-р Даниловски: Очекувана е бројката од 200 новозapaзени и нови кластери

Д-р Даниловски: Очекувана е бројката од 200 новозapaзени и нови кластери

Очекувана е бројката од 200 ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и со можност да биде и повисока, вели епидемиологот Драган Даниловски.

За професорот Даниловски и во наредните денови треба анкетите на заразените од овие кластери да покажат со колку луѓе имале контакт. За него загрижувачки е што се уште има забави како на пример во Струмица, а и покрај големиот број на болни и починати забавите не престануваат.

Според епидемиологот токму ваквото однесување непочитувањето на мерките создава страв и несигурност колку децата се подготвени во училиште да следат настава без претходна навика да носат маски и да држат дистанца.