Доктор Ненад Лазаров предлaга Велес да се изолира на една недела, откако денеска министерот за здравство Венко Филипче изјави дека регистриран е уште еден случај на делта-сојот кај маж од Велес.
– Велес треба да се изолира на недела дена, учете од Австралија, напиша Лазров.
Во текот на вчерашниот ден потврден е четврти случај на заразен со делта-сој на коронавирусот во нашата држава, а четири други лица се суспектни.
– Новорегистрираниот со индиската варијанта се лекува во болницата во Велес и е со лесна клиничка слика. Од четирите суспектни на делта-сојот, едниот е во лоша здравствена состојба, приклучен на респиратор, а три лица се со стабилна клиничка слика, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.