Д-р Пановски: Се оди со излитен став „само вакцината е спас“ и целосно го игнорираат природно стекнатиот имунитет, тоа е нечуено во историјата на медицината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва се одржа првата јавна научна дискусија С(ц)иеста во организација на Фондацијата Кантарот. Темата на панелот Ковид: две години подоцна, а главни точки на разговор беа варијантата омикрон и заканите од неа, вакцинацијата на возрасни и на деца и како Македонија се справува со пандемијата, а како светот.

Панелисти беа, професорите од Медицинскиот факултет во Скопје проф. Стикова, проф. Д-р Драган Даниловски, специјалист по епидемиологија и проф. Д-р Никола Пановски, специјалист по медицинска микробиологија. Дискусијата ја модерираше д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и истражувач на Институтот Каролинска во Стокхолм.
Професорот Пановски говореше за тоа дека беше поважно да се збогатат приватните болници, приватните лаборатории.

„Нечуено е две години да не потпишете договор со приватни лаборатории за ПЦР тестови. Тоа е скандал.
Многу работи има со кои ни студент не би поминал на испит со такви ставови. Не можеш да одиш со ставови дека маска требало да се носи на планина и на нива, а после во кафана да се симне. И после се чудат зошто луѓето викале дека нè прскаат. Друго објаснување нема ако ти носиш маска на нива или планина. Или она прскање улици во скафандери и слични работи. Имавме катастрофа во Тетово која можеше да се избегне ако нè послушаа доктор Даниловски и мене во само една работа: да не дозволуваат свадби на затворено. Ништо повеќе. Да не се додворуваат на онаа партија која видете каква катастрофа им направи на своите граѓани. И кога министерот даде оставка, премиерот рече не е време во пандемија да даде оставка. За после, здравството, во ек на пандемија, да го преземе партија која „а“ нема кажано за здравство. Тука заврши муабетот. Или ако јас на 18 ноември излегувам и им викам дека во ноември 72.000 луѓе примиле сумамед и дека е препишан на 40.000 осигуреници а тој месец има само 15.000 болни, и дека тоа трае цела година и прави огромна финансиска штета и дека се препишуваат дози кои се забранети – пазете, забранети! – и дека наши доктори тоа го препишуваат, им давам податоци за тоа од Фондот за здравствено осигурување. На таков скандал, партијата реагира со некое партиско директорче од Фондот кој истражува кој ги дал податоците, како на татко му да се податоците. Ним им е битно некој да не им го расипе имиџот за надвор. И кога мене ме сметаат за нивен непријател; ти им работиш без пари, им помагаш на граѓаните, даваш совети (иста е ситуацијата и со Даниловски)….Тие чекаат на мои неполни 67 години да кажам како што ТИЕ мислат. Да си ја заборавам струката и да поплукам по неа, вели проф. Пановски.

Тој го повтори твредењето кое често го изнесува во јавноста дека прележаните од ковид-19 треба да се вакцинираат по 45 дена.

За такво нешто студент паѓа на испит, вели Пановски.

Според него, антиваксери на Балканот имало отсекогаш, а сега преку социјални мрежи се засили тоа движење.

Како на ова одговара светот, а особено ние?
Наместо да се одговори со факти, искрено, транспарентно, секојдневно од надлежните постои молк и целосно игнорирање на состојбата.
Се оди со излитен став „само вакцината е спас.“ И целосно го игнорираат природно стекнатиот имунитет. Тоа е нечуено, во историјата на медицината.
И сега имаме, на една страна антиваксери, а од друга страна вакцинални фанатици меѓу кои е и Комитетот за имунизација кој вика дека ние силно веруваме дека вакциналниот имунитет е супериорен во однос на природниот, притоа не ги интересираат ни бројки ни наука а нив ги слушаше досегашниот министер и досегашниот премиер.
И меѓу едните, антиваксерите, и другите, вакциналните фанатици, имаме исплашени и збунети граѓани.
Кога немаше вакцини, па кога дојдоа, кога викавме дека тоа е спас а не ги силувавме луѓето, тие масовно одеа да се вакцинираат во Србија. Кога почна силувањето на луѓето, без факти, одејќи дури и кон децата од две или пет години, имаме контраефект.
Луѓето гледаат и ги одмеруваат работите. Јас не можам да разберам дека месец ипол не можат да дознаат дали омикрон е поопасен или не е. Колку време требa за тоа, на илјадници пациенти? Еден умрел во Велика Британија на три ипол илјади луѓе, во Израел еден на 450. Што треба да се случи за да ни кажат дали е поопасен или не е?
Меѓутоа, знаат дека побрзо се шири и знаат дека трета доза е одлична за луѓето. Нејасно од каде дознаа дека третата доза е одлична, кога за тоа треба повеќе време отколку да се дознае колку варијантата е опасна. Човек од СЗО кажа и дека луѓето во Јужна Африка не може да ги споредуваме со други бидејќи таму имало многу голем природно стекнат имунитет (??) Замислете ја сега вие таа реченица. А народот гледа. Ама затоа во земји кои имаат 90% вакцинација, ова ќе било многу опасно….
Затоа, заклучок, вакцинирајте се! Е ај сега разберете го вие тоа? Кај што има само 20 посто вакцинирани минале лесно, кајшто има 90% е опасно и викаат вакцинирајте се со трета доза, вели професорот Пановски.

Професорите од Медицинскиот факултет се согласни и повторија дека треба да се слуша гласот на професионалците, а одлуките да не бидат политички, туку базирани на наука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This