дома Балкан Д-р Стевановиќ предупредува: Не се лекувајте сами во куќни услови, се поголем...

Д-р Стевановиќ предупредува: Не се лекувајте сами во куќни услови, се поголем е бројот на оние со тешка клиничка слика

Министерот за здравје во Владата на Србија Златибор Лончар се состана денес со директорите на ковид болницата.

Доктор Горан Стевановиќ , директор на Клиниката заинфективни работи -Белградапелираше кон граѓаните да не се лекуваат сами дома.

– Бројот на прегледите во тријажните центри не опаѓа, а загрижува а загрижува и тоа што во последно време се јавуваат повеќе пациенти со тешка клиничка слика кои првично сами се лекуваат дома. Од Март месец апелираме дека оваа болест не се лекува дома самостојно, во куќни услови, без консултации со доктори во Ковид системот-истакнува Стевановиќ и додава дека во моментот може да помогне само почитување на мерките.

Тој истакнува дека очигледно е дека има уште некои кои сеуште не го гледаат огромниот број на заболени, позитивни, дека болничките капацитети перманентно се полнат, а бројот на заболените со тешка клиничка слика, е се поголем.