дома Политика Д-Р ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НА СРЕДБА ВО ОК БУТЕЛ: Локалните избори ќе покажат...

Д-Р ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НА СРЕДБА ВО ОК БУТЕЛ: Локалните избори ќе покажат дека актуелната селотејп коалиција не е кредибилна и делегитимирана!

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски синоќа имаше состанок со општинскиот комитет на партијата во Бутел.

 

Генералниот секретар Мицкоски ги слушна размислувањата и сугестиите за делувањето и работењето во идниот период. Мицкоски вчера во интервју порача дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе значи пат за предвремени парламентарни избори.

-Локалните избори ќе покажат дека актуелната селотејп коалиција не е кредибилна и делегитимирана. Откако ќе освоиме најголем број на гласови, советници и градоначалници, природно е владата на СДС да распише брзи предвремени парламентарни избори, рече д-р Мицкоски.