дома Балкан Дaли ce paбoти зa camoy6иcтвo?: Haпaѓaчoт кoj y6и чeтиpи лицa вo Шибеник,...

Дaли ce paбoти зa camoy6иcтвo?: Haпaѓaчoт кoj y6и чeтиpи лицa вo Шибеник, пpoнajдeн mpтoв

Човекот кој изврши четирикратни убиатво во Шибеник е пронајден мртов. Како што потврди хрватската полиција, телото е пронајдено покрај неговиот автомобил.

Хрватските медиуми кои веќе го објавија и идентитетот, тврдат дека убиецот се самоубил.

Полицијата и натаму не го соопштвуа името, а не потврдува ниту дека се работи за самоубиство. Телото било пронајдено нешто пред 19 часот.

Бранко Клопер, за кој медиумите велат дека бил сопственик на пропадната компанија, медиуните го посочуваат како убиецот на четири лица што се случи рано попладнево во Шибеник.

Според неофицијалните информации убиени се познат сопственик на трговски ланец, стечајна управничка и уште двајца мажи, нејзиниот сопруг и адвокатот.

Според тврдењата на хрватските медиуми до убиствата дошло поради нерасчистени бизнис реалции.

Според хрватските медиуми кои пренесуваат неофицијални информации, Колопер бил сопственик на пропаднатата фирма „Маткол“ од Шибеник, а имал ланец на пекари и продавници во градот.