Дa нe го миcлитe: Дpaги Paшковски е вo Maкедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По три години „макотрпна работа“ Драги Рашковски замина на годишен одмор малку подалеку од соседството во Мексико.

И се ќе беше во ред доколку неговиот одмор не се случуваше во време кога за него во јавноста се појави мега афера поврзана со него и набавка на софтвер наводно за потребите на министерството за внатрешни работи што предизвика кај многумина сомнеж дека поранешниот Генерален секретар на Владата на Република Македонија впрочем се дал во бегство.

Аферата ја откри порталот „360 степени“ кој посочи дека Рашковски поранешниот генсек на владата сам на себе си го платил софтверот за сообраќајнте прекршоци пред истиот да биде тестиран.

Софтверот не го купил надлежниот ресор МВР, туку Генералниот секретаријат на Владата – тогаш предводен од Драги Рашковски.

Огласот бил распишан во ноември 2019 година, се пријавиле три фирми, а со победникот „Инвока гроуп“ бил потпишан договор вреден околу 81 000 евра во февруари 2020 година. Софтверот, кој треба да одредува брзина, локација, регистарска табличка и да регистрира прекршоци, како на пример, поминување на црвено, требало да биде испорачан најдоцна во јули 2020 година.

Рашковски, кој денес е задолжен за мониторинг на владините проекти, за „360 степени“ вели дека нема ништо спорно, дека изборот бил транспарентен и компетитивен, дека се чекаат некои законски измени и завршување на епидемијата за да може да функционира и дека немало потреба од тенденциозни и некоректни прашања.

-За Антикорупциската комисија симптоматично е и тоа што фирмата што го изработила софтверот „Инвока гроуп“ е формирана во јуни 2017 година, две недели по доаѓањето на СДСМ на власт и заедно со софтверот, има склучено вкупно три договори за јавни набавки, и тоа сите со Генералниот секретаријат додека со него раководеше Драги Рашковски. Ќе се истражува и дали софтверот што го купил Рашковски е базиран на неговата идеја, која ја патентирал во 2018 година. – велат од 360 степени.

По информацијата дека Рашковски е во бегство се огласи и тој самиот истакнувајќи дека нема потреба за сензации и дека тој го користи правото на годишен одмор.

„Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14. и таму ќе бидеме до 31. овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува“, изјави Рашковски за Фокус.

На прашање, дали побегнал, како што се пишува, Рашковски одговора:

„Зошто би бегал?“

На ова прашање одговорот даде и Вилма Русковска по чиј налог, истражители на обвинителството влегле во Владата каде што собираат документација за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што ја направил поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.

– Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата и од Владата и од други институции. Вчера беше оформен предметот, рано е да се каже дали и кое кривично дело е во прашање”, изјави обвинителката Вилма Русковска

Но сепак по се изгледа Рашковски како и Сашо Мијалков е тука во Македонија и сега за сега не планира да бега бидејќи како што одговорија за Инфомакс од Владата тој веќе се вратил на работа и ги извршува своите работни задачи.

-Во врска со Вашето прашање Ве информираме дека Драги Рашковски по искористувањето на годишниот одмор, вратен е на работа и ги извршува своите работни активности, велат од Владата.

Ова не е прв скандал на Драги Рашковски, тој претходно на дело беше фатен барајќи провизии на компанијата Леонардо за софтверот за летање на М-Нав за овој случај опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава.

Зад него и тогаш и сега застана премиерот Зоран Заев. А сега доби поддршка и од вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This