April 25, 2024, 12:24 pm

Дeбapcкaтa бoлницa пpeпoлнa – paбoтат caмo чeтиpи лekapи бeз oдмop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И во Дебар состојбата со Ковид -19 не е добра. Болницата е преполна. Инфектологот Сефедин Дука вели дека дневно се третираат околу 30 пациенти и дека хоспитализираните пациенти се во тешка здравствена состојба. Во Ковид Центарот во Дебар работат 4 лекари без одмор.

„Капацитетите на болницата во последно време се максимално искористени и имаме проблем во обезбедувањето на слободни легла бидејќи постојано имаме нови пациенти, пациенти со ниска сатурација, има пациенти на кои сатурацијата им е под 50, 47 и поради неможноста за транспорт, ги третираме тука. Моментално сме премногу изморени, јас сум и одговорен и работам со млади колеги кои дипломирале но стекнале убаво искуство со ковид пациентите“, истакна Сафедин Дука за ТВ21.

во текот на денешниот ден имаше само едно слободно легло, а Ковид Центарот располага со 26 легла.

„Во ковид центарот имаме 16 легла и ставивме уште 4 во амбуланта и поради неможност да ги покриеме сите, го проширивме и другиот дел на болницата, хирургија и интерни болести, кои се преполни. Имаме едно слободно легло но и во текот на денот може да се зафати“, додава Сафедик Дука.„Во ковид центарот имаме 16 легла и ставивме уште 4 во амбуланта и поради неможност да ги покриеме сите, го проширивме и другиот дел на болницата, хирургија и интерни болести, кои се преполни. Имаме едно слободно легло но и во текот на денот може да се зафати“, додава Сафедик Дука.

Доколку Дебар го опфати нов бран на заразени, според Дука, болницата ќе има потреба од дополнителен медицински тим. Во болницата засега нема недостиг на кислород.

И во Тетово состојбата не е добра. Во текот на денешниот ден има 5 починати а бројот на хоспитализирани изнесува 124 пацинети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This