дома Религија Дeнecкa e Св. вeликomaчeницa Анастасија

Дeнecкa e Св. вeликomaчeницa Анастасија

Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок.

Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици.

Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприлики со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затворот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака.

Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година.