дома Религија Дeнecкa e cпoмeн нa Светата maчeничкa Агатија: Жени, дeнecкa пoмoлeтe и ce...

Дeнecкa e cпoмeн нa Светата maчeничкa Агатија: Жени, дeнecкa пoмoлeтe и ce зa oздpaвyвaњe и иcцeлyвaњe

Православната црква ја слави Светата маченичка Агатија на 5-ти февруари по црквен а на 18-ти февруари по грегоријански календар… Оваа светица ја почитуваат и католиците и православците, а посебно жените бидејќи се верува дека таа ќе ги заштити од секоја болест и болка.

Свети Полиевкт, патријарх Цариградски

Заради неговиот висок ум, набожна ревност и чесноговорливост го нарекоа втор Златоуст. Во времето на патријархот Полиевкт и царот Константин Порфирогенит, во Цариград дојде и руската кнегиња Олга и таму се крсти, во 957 година. Патријархот ја крсти, а царот ѝ беше кум. Свети Полиевкт пророчки ѝ рече: „Благословена си ти меѓу руските жени, зашто ја засака светлината и ја отфрли темнината, ќе те благословуваат синовите руски до последното колено“. Полиевкт беше поставен за патријарх во 946 година и остана на патријаршискиот престол до заминувањето во 970 година.