дома Временска Прогноза Дeнec нe oчeкyвa знaчитeлнo oблaчнo вpeмe co пoвpeмeни лoкaлни вpнeжи

Дeнec нe oчeкyвa знaчитeлнo oблaчнo вpeмe co пoвpeмeни лoкaлни вpнeжи

Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови.

Ќе дува умерен, вдолж повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат во недела во текот на ноќта и во понеделник претпладне.