дома Временска Прогноза Дeнec нe oчeкyвa coнчeвo вpeмe co cтyдeни yтpa

Дeнec нe oчeкyвa coнчeвo вpeмe co cтyдeни yтpa

Времето ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до девет, а максималната од 21 до 27 степени.

Во Скопје, сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра.

Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Пообили врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.