дома Временска Прогноза Дeнec coнчево co мaлa yмepeнa oблaчнocт – викeндов дoжд и пaд нa...

Дeнec coнчево co мaлa yмepeнa oблaчнocт – викeндов дoжд и пaд нa тeмпepaтypaтa

Претежно сончево, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 17 до 22 степени.

Во Скопје, претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во четврток. За време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено од недела.