April 18, 2024, 11:56 pm

Дecпотовски: Со мојот „Концепт 28“ СДСМ ќе биде водечка политичка сила до 2028 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ве повикувам да ја прочитате Програмата наречена Концепт 28, но и да ми се приклучите, да ги споделите сите ваши предлози, идеи, а се разбира и критики, вели кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски во своето прво видеообраќање до членовите на партијата.

Тој нагласува дека како претседател на СДСМ ниту сам, а најмалку во тесен круг луѓе, може или сака да работи и да носи одлуки. Токму затоа вели еден од 60 илјади активни членови на СДСМ, има неизмерна почит кон партијата и токму од тие причини го ставил на располагање својот партиски стаж, но првенствено своето работно искуство и посветеност кон партијата.

„Фокус на мојата Работна програма „Концепт 28“ се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани. Со Концепт 28 предлагам поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките. Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „кој“, туку од „како“ и „каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, дополнително ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Македонија и по следните парламентарни избори во 2024 година“, нагласува Деспотовски во видео обраќањето.

Нашиот фокус како политичка партија, вели тој, остануваат единствено граѓаните, како и брзите, но ефикасни решенија на проблемите со кои граѓаните со децении се соочуваат. СДСМ има тим, има луѓе, има резултати и што е најважно по којзнае кој пат покажа дека умее да се носи со предизвиците на новото време.

„Знам дека СДСМ за секој од нас значи заедништво, другарство и доверба. Но, би сакал да нагласам дека првенствено мојата цел со оваа кандидатура е единство бидејќи верувам во интегритетот на нашето огромно семејство социјалдемократи, чесни луѓе кои силно ја вреднуваат и демократијата и партијата. Внатрепартиските избори мора и знам дека ќе бидат вистински празник на демократијата, ќе создадат нова политичка култура во целата земја и ќе бидат пример за сите останати политички партии“, вели Деспотовски.

Според него, само со ваков пристап може да се постигне успех и да се докаже дека не случајно СДСМ го носи приматот на најпрогресивна партија. Со „Концепт 28“, како што истакнува Деспотовски, СДСМ ќе зајакне и „ќе биде водечка политичка сила и во мандатот 2024 – 2028 година“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This