Дoдeкa гpaѓaнитe нe мoжaт да вpзaт кpaј co кpaј, зa влaдинитe фyнкциoнepи минимaлнaтa плaтa изнecyвa 60 илјади денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема зима за владините функционери, додека граѓаните живеат со по две евра на ден и едвај врзуваат крај со крај, премиерот Зоран Заев, неговите заменици во владата, но и министрите земаат енормно високи плати, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера официјално е објавена листата на која се гледа дека премиерот Зоран Заев, зема 78.840 денари, за минат труд зема плус 8.973 или вкупно 87.813 денари месечно нето плата. Веднаш по него со нешто помалку од 3000 денари е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со нето плата од 64.970 и 14.879, додека за минат труд зема дополнителни 5.264 денари или вкупно нето плата на месечно ниво зема 85.113 денари. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со најголем работен стаж од 28 години, вкупно со минат труд зема месечно нето плата од 74.273 денари. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со 24 години работен стаж вкупно зема нето плата од 72.989 денари. Ако платите на министрите се различни, платите на замениците на премиерот Заев, Артан Груби кој е прв заменик на Заев и министер за политички односи и односи меѓу заедниците, Љупчо Николовски кој е на неговата измислена функција како заменик на Заев за борба против корупцијата, за одржлив развоји човечки ресурси, Фатмир Бетиќи, заменик на Заев задолжен за економски прашања, како и екс министерот за надворешни работи а сега заменик на Заев задолжен за европски прашања се исти и изнесуваат 64.970 денари. Но, со минат труд, вкупно нето платата на Димитров и Битиќи е поголема за 6.415 дрнари и изнесува по 71.385 денари. Додека пак Груби со минат труд и стаж од 15 години на месечната плата зема плус 5.132 денари, или вкупно месечно е платен со 70.102 денари, велат од партијата.

Додаваат дека доколку се подгледне целиот список, нема плата под 60.000 денари. Дури и платата на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со 1 година стаж зема дури 65.612 денари, додека пак неговиот колега кој води едно од клучните министерства за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири зема нето плата од 65.292 денари. Но, она што е симптоматично е што во графата на Шаќири нема наведено работен стаж, додека за минат труд на Шаќири му се плаќа плус 322 денари. Па ако Нуредини за 1 година работен стаж зема 642 денари од минат труд, а Шаќири 322 денари, тогаш новиот министер има само пола година работен стаж, што дополнително укажува на тоа дека министерствата не ги водат лица со богато работно и професионално искуство, туку политички кадри неквалификувани за вакви клучни позиции.

-Бујар Османи со 15 години работен стаж зема 70.102 денати, министерот за правда Бојан Маричиќ со 10 години работен стаж зема 68.499 денари неѕо плата. Понатаму, министерот за финансии кој како што пишуваат медиумите има најбогато искуство со министерските позиции, со 14 години работен стаж зема нето плата од 69.783 денари. Сопартијецот на Бесими, Крешник Бектеши со 9 години работен стаж зема месечно нето плата од 68.179 денари. Министерот за здмјоделство, шумарство и водостопанство од БЕСА Аријанит Хоџа има работен стаж од 11 години, а вкупно со минат труд зема нето плата од 68.820 денари. Министерот за здравство Венко Филипче кој од најголем херој за граѓаните стана најнеспособен министер откако деновиве се појасно е дека вакцините за КОВИД 19 нема да пристигнат во Македонија, зема плата од 68.179 денари, а работен стаж има само 9 години. Министерката за образование и наука Мила Царовска која е во центарот на вниманието на јавноста и медиумите по нејзините најавени реформи за укинување на историјата од основното образование, месечно нето плата со работен стан од 7 години зема 65.537 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милвски која пак има едвај 0.3 проценти гласачко тело со работен стаж од 15 години зема плата од 70.102 денари.

-Од буџетот месечно се издвојуваат и 72.670 денари нето плата за министерката за култура Ирена Стефоска, која е втора по години на работен стаж, додека екс градоначалникот на Штип а сегашен министер за транспорт и врски Благој Бочварски зема месечно нето плата од 68.179 денари. Доколку се соберат сите суми од нето платите на владата на СДСМ, тогаш од буџетот месечно за нето плата се издвојуваат 1.424.193 денри или во евра 23.233 евра. За 12 месеци, премиерот Заев, неговите заменици и министри земаат нето плата од 278.796 евра, или за 4 години тоа се дури 1.115 184 евра исплатени за нето плати. Многу е важно да се напомени дека сумата што е наведена во списокот на плати е нето, но за бруто плата тогаш таа би била уште поголема со оглед дека во бруто плата спаѓа и пензиско, инвалидско и здравствено осигурување, но не смее да се заборави дека од Буџетот на месечно ниво се одвојуваат и пари за патните трошоци бидејќи тие не влегуваат во месечната плата мора да се напомени дека тие се понекогаш и над неколку илјади евра во зависност од државата која се посетува, но времетраењето на таа службена посета, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This