April 25, 2024, 10:47 am

Дoдeкa миниcтpитe oд влacтa бeз мacки ceчaт тopти, Спасовски пoкaжa cилa кoн нapoдoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ со реакција околу вчерашниот настан кога полицијата растурила бадников оган во Орман, и притоа биле уапсени десетина лица.

Од опозицијата велат додека власта сече торти без маски, Спасовски покажува сила кон народот.

Спасовски и Заев повторно удрија по граѓаните. Додека функционерите од ДУИ сечат торти и прават забава во новиот објект на министерството за политички систем на Артан Груби, без маска и без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, и за тоа институциите молчат и не покренуваат никакви постапки, МВР во текот на вчерашниот ден апсеше граѓаните за палење на Бадникови огнови.

Во текот на вчерашниот ден во село Орман, беа уапсени 10тина лица заради палење на бадников оган, од страна полицијата.

Оливер Спасовски по којзнае кој пат покажа сила врз граѓаните. Институциите во оваа држава за едни се мајка, а за други маќеа“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This