дома Балкан Дoдeкa ниe cи чекаме, Србија втopa вo Европа cпopeд бpojoт нa вakциниpaни...

Дoдeкa ниe cи чекаме, Србија втopa вo Европа cпopeд бpojoт нa вakциниpaни гpaѓaни

Во Србија досега има вкупно 375.320 граѓани вакцинирани против корона вирусот со што, Србија се искачи на второто местово Европа според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, дознава „Танјуг“ од српската влада.

Земја во Европа со најголем процент вакцинирани граѓани е Велика Британија, а по Србија следуваат Малта, Исланд, Данска, Романија, Словенија и Шпанија.

Кога станува збор за регионот, по Србија, која е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.