дома Временска Прогноза Дoждoт нeмa дa пpecтaнe: Eвe кaквo ќe бидe вpeмeтo дo cpeдa

Дoждoт нeмa дa пpecтaнe: Eвe кaквo ќe бидe вpeмeтo дo cpeдa

До понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови.

Пообилни врнежи ќе има утре и во текот на ноќта кон понеделник (локално во западните и северните делови над 30 л/м2). До крајот на денот во понеделник на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу 5 см ќе се формира и во Скопската Котлина.

Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час).