дома Македонија Дo 11 чacoт: Излeзнocтa e 9,45 пpoцeнти – Во Битола, Прилеп и...

Дo 11 чacoт: Излeзнocтa e 9,45 пpoцeнти – Во Битола, Прилеп и Куманово досега глacaлe пo oкoлy 3.500 гpaѓaни

Излезноста на гласачките места до 11 часот, според податоците од Државната изборна комисија, е 9,45 проценти.

Според досега обработените податоци со кои располага ДИК, до пресекот во 11 часот своето гласачко право го оствариле 49.862 граѓани.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес конференција ги повика граѓаните да излезат и да го остварат своето гласачко право избирајќи градоначалници за локалните самоуправи.