Дpaматично и ужacно: Се oгласи Меркел за состојбата во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги нарече најновите случувања во Авганистан „горчливи, драматични и ужасни“.

Меркел рече дека „неверојатната брзина“ со која Талибанците ја освоија земјата беше особено тешка за „милиони Авганистанци кои поддржуваа полиберално општество и кои сметаа на западните земји кога станува збор за демократија, образование, права на жените“, пренесе АП.

Германската канцеларка посочи дека најновите случувања, исто така, донесоа горчина кај „Германија и другите сојузници кои 20 години се бореа против тероризмот предводен од САД и НАТО во Авганистан, по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This