April 20, 2024, 12:55 am

Дpaма нa Aлeкcандap Cтaнковcки: Kapaнтин – Втор дeл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чуранче (со пеење): Боооорба за слободаааа, за Макеееедонијааааа, земја поробљеееенаааа… А, бе, какву борбу ќе водиш с’с овој стоку што ти продајеф име и част за празно обеќање. К’д им доѓеф оне убице од тиранина, ќе побегнеф ко кокошке пред лисицу, да ги јебе сви у дупе!

Сатирус: Не би рекол, дека е целосно таква состојбата. Тука има стотици илјади граѓани, што не го поддржуваат овој тирански режим, што со нив, господине?

Чуранче: Кур од слона да пушеф! Што кукаф к’к пизде! Нека се организуејеф и да срушеф оног стаора што краде и лаже до бесфест.

Сирма: Чујте, господине!

Чуранче: Чуранче из Кокошиње, ќе изгинем за Македонију!

Сирма: Зар само вие, господине Чуранче? Верувам, дека на сите нас ни е смачено од овој ужасен режим и дека секој ден се надеваме дека некое чудо ќе се случи и дека татковината ќе се спаси.
Алтан Арсланов: Да не го обвинуваме народот. Тој направи сè, што беше во неговата моќ, па и повеќе од тоа.

Чуранче: Па, што тогаш, не ги сименф Стаора од власт?!?

Сатирус: Го предадоа партиските лидери. Едноставно, никој од водството немаше храброст да ја презмеа историската одговорност! По секоја цена.

Чуранче: Кукавице, окренуше му леѓа на народ, предадоше га на мафију, па после цмиздреф ко пичке к’д им народ с’к њуме окренеф леѓа. Говеда, с’к не можеф да се вратиф у игру. Комуњарец ги тепаф к’к магарци. Изборе не можеф да ги добијеф, па да се посереф.

Алтан: Изборите редовно се фалсификуваат со благослов од „калето“ за сметка на хунтата, која е произведена токму во неговите визби. Па, како оваа своја творба да ја уништат?

Сирма: А, тоа не мора да биде така. Сети се на чедото на Франкенштајн.

Маке Манеман: А, бе, тоа е парадокс. Др. Франкенштајн и неговото чудовиште е истата прикаска како онаа за ЦИА и Осама Бин Ладен, а?

Сатирус: Бездруго, тоа е истата прикаска, која цело време се повторува. Во недостаток од непријатели, пријателот станува непријател.

Сирма: Така е за психопати, а повеќето од оние, што ја водат денешната политика, се психопати.

Чуранче: Такој, само имаш паметне психопате, као Ханибал Лектор, а имаш глупе психопате, као што су ови из хунте, премијер, прецедник и министри, глупи ко ноќ.

Маке Манеман: Глупи, ама упорити! Се држат за фотеља со орловски канџи.

Чуранче: Тиј су ти мањи партнер, а веќ се претворија у крлежа. Мање ту је веќе.

Сирма: Мислите – Less is more – што велеа минималистите, господине Чуранче?

Чуранче: Код мене, минимално не пролази. Не можеш од комарца да правиш магарца и обратно. Али, туј сте у право, госпоѓице!

Сирма: Сирма Јохансон, викајте ме Сирма, господине Чуранче:

Чуранче: Сакав да кажам, дека овој парадокс се поклапа с’с њуме. Што мање радиф, то више лажеф.

Сатирус: Секогаш е така со диктатури. За лошото владеење потребна е силна пропагандна машинерија.

Маке: Леб и циркуски игри. А тука, нити циркус, нити леб има.

Алтан: И сега, ова со коронава убаво им дојде. Да заведат тотална диктатура и да нè третираат како стока.

Сатирус: И ајде, спротивстави се. Ќе на застрелаат како кучиња ако се обидеме да си ги оствариме своите човечки и граѓански права. На слобода и слободен избор.

Чуранче: Ти у Кумровац да ниси ишао на курс? Овиј, бе, монструме, не интересујеф ги ништа осим да си га истераф ќеф, а тој је да га истераф ќеф на „кале“. „Кале“ ги командујеф ко дресиране мајмуне. Па с’с овиј народ, ќе си тераф до свануќа.

Сирма: Постои правило во историската наука, кое вели дека секој диктаторски режим, порано или подоцна пропаѓа.

Маке Манеман: Овие решиле да останат на власт што е можно подолго. Ако паднат, ќе се соочат со политички и егзистенцијален понор. Стравот кој им е навлезен во коски, ги тера по секоја цена да останат на власт, само власта им дава некаква сигурност.

Чуранче: А, бе, ти целу психоанализу им удри у јаја. К’к можеш на говеда да им правиш психоанализу. Док им мантраш, ќе ти гу испасев тој енглеску траву што си гу чешкаа двесто година за да се осеќаш ко лорд.

Линк од првиот дел.

(продолжува)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This