Дpaма нa Aлeкcандap Cтaнковcки: Kapaнтин – Пpв дeл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на пандемијата од Ковид 19 вирусот, државата воведе карантин од 14 дена за сите оние, што доаѓаат од странство. Мноштво хотели, одморалишта и пансиони беа закупени од владата за да се сместат сите оние, кои ќе се најдат во изолација според протоколите на Кризниот штаб, формиран од страна на власта. Во еден мал хотел во близина на бугарската граница беа ставени во четиринаесетдневен карантин пет лица, кои влегуваа во земјата на преминот „Деве Баир“. Тие пет лица се смесетни во петте соби во малиот хотел, но имаат право да се собираат во салата, каде беше сместен ресторанот од хотелот. Нивните средби требаше да бидат под маски и на растојание од два метра.

Луѓето, ставени тој ден во карантин, во тој мал планински хотел се:

1. Чуранче од Кокошиње, провинциски филозоф, критичар на комуњарските глобалистички политики. Завршил само основно училиште и се бави со земјоделие.

2. Алтан Арсланов, Македонец од исламска вероисповед и интернационалист, но со огромна љубов кон својот македонски народ. Живее и работи во Истанбул како дизајнер на теписи и ќебиња. Критички е настроен кон предавничката власт во Македонија. Противник на Преспанскиот и Бугарскиот договор.

3. Сирма Јохансон. Родена во Малме од македонски емигранти. Омажена Јохансон, а подоцна и разведена, но го сочувува презимето од сопругот, Швеѓанец. Студирала историја на Стокхолмскиот универзитет. Во 2015 година доаѓа во Македонија и се населува во Скопје. Вљубена е во македонската историја…

4. Сатирус Силен Пан, лидер на тајните револуционерни македонски организации. Поврзан со светските антиглобалистички центри и лидери. Противник на глобалистите, шарените идиоти и на светската олигархија. Комуњарите и „калето“ треперат кога ќе го чујат неговото име. Недофатлив е за глобалистичките тајни служби. Со неговата супериорна интелигенција и фасцинантно борбено искуство, е главниот организатор на регионалните антиглобалистички револуционерни стратегии и акции. Интелектуалец, доктор по философија. Експерт за Ниче, Кјеркегорд и егзистенционалистичката философија, врвен познавач на делото на Сартр. Неговата цел е уништувањето на „длабоката држава“ во југоисточна Европа и воспоставување на вистинска, народна демократија во регионот и во Македонија. Укинувањето на Преспандкиот и Бугарскиот договор и длабинско преиспитување на Рамковниот договор. Сатирус Силен Пан е новиот, постмодериен Гоце Делчев.

5. Маке Манаман, македонски емигрант од Австралија, втора генерација. Работел како каскадер. Во основа, ова е контрадикторен, често пати шизофрен лик. Во него се конфронтираат духовното и материјалното, традицијата и совремието, урбаното и руралното, интелектуалното и простачкото, идентитетот и идеологиите, доблестите и мааните, чаламот и капацитетите, хероизмот и предавништвото, емпатијата и суровоста, алтуризмот и егоизмот… Тој, всушност, е единство на спротивности или самата дијалектика, што би рекол Маркс. Но, сепак, тој има една конзистентна аксиологија во неговите неуморни тенденции – да преживее. Неговото, навидум, доцнење во реакциите не доаѓа од неговата плашливост, ментална заостанатст или, пак, од несмасноста. Тој, едноставно, промислува, наспроти огромното историско искуство што го носи во себе. Тој, исто така, се надева во интервенцијата на вишите сили. Верува во космичката и Божјата правда.

Салон од хотелот. Пед индивидуи седат наоколу со својот багаж. Тие имаат маски. Доаѓа еден војник со маска и скафандер.

Војникот:

– Ајде, сите земете го багажот и сместете се во собите. За пола саат ќе ви биде донесена храна. Тука, во салонов.
• Не доцнете! И без жалби!
• Пандемија е!
• Вонредна состојба е!

Петте лица полека, збунето се повлекуваат од салонот – ресторан кон собите, потоа и војникот со брз чекор ја напушта сцената.

Прикасаката продолжува. Во салонот – ресторан од малиот хотел – карантин, влегуваат војник и офицер. Двајцата носат маски и скафандери. Војникот тегне неколку пакети со конзервирана храна, леб и вода. Тој ги положува на една маса во централниот дел од просторијата.

Војникот:

• Уф, сега сите овие печалбари, што бегаат од коронова и ќе ги храниме?!? Наместо тие да праќаат пари и да нè хранат, ние ќе ги крмиме?!?
Офицерот:
• Биди среќен, што е така. Овие пакети се уште од времето на ЈНА. Подобро тие да ги јадат, отколку ние. Тамам, да се потроши ова и да се купи тазе. Дражавата плаќа.
Војникот:
• Значи – бонбона бизнис!
Офицерот:
• Ако сакаш да напредуваш во работава, немој никогаш да даваш политички коментари, алузии или било какви импликрации. Разбираш?
Војникот:
• Да, господине капетане!

Офицерот:

• Патем, ѝ предложив на командата да те унапредат во хиерархијата. Сега си водник и одговорен си за овој стражарски тим. Пази на овие индивидуи во хотелов. Полковникот Коцев и мајор Асани од Војното разузнавање ме информираа дека во овој реон сака или веќе се инфилтрирал опасен меѓунаронден терорист. „Калето“ го бара, министерката го бара, премиерот го бара, претседателот го бара… Затоа, биди буден и пази на овој хотел со своите луѓе 24/7. Пази на овие притвореници, секој е сомнителен. Известувај ме најмалку три пати дневно, што се случува. И пиле да не пролета. Нити кон надвор, нити кон внатре! Разбираш?!?
Војникот:
• Да, господине.
Офицерот:
• Ајде, викни ги да јадат.

Офицерот ја напушта просторијата. Војникот оди да ги повика, воедно силно тропајќи им на вратите од хотелските соби. Потоа и тој си заминува од сцената. Во салонот, прв влегува Чуранче. Се затрчува кон масата со пакетите храна и вода. И нагло застанува.

Чуранче:
• Па, овиј конзерве су од доба друга Тита! Овој хунта оќев да нè потрујеф к’к пацове! Е овој ти је бонбона бизнис! Па овој помије ни на свиње да не ги дадеш! Ах, министерке, ќе нè крмиш с’с говна ко вардарске сомове, а ти ќе жањеш милионе јевра!
Во салонот доаѓаат и останатите, еден по еден.
Алтан:
• Еј, во што е проблемот?
Чуранче:
• Во сè е проблемот! Овие артикли се од времето на ЈНА, рокот им е неколку пати изминат!
Сатирус:
• А членка на НАТО, а?! НАТО ќе нè брани, ЕУ ќе нè храни!!?
Сирма:
• Јас ова не можам да го конзумирам. Ќе штрајкувам со глад!
Ова е нечовечно!
Маке:
• А, ова го немало ни во логорите на Виетконг!
Алтан:
• Па ова е прилог за вести. (Го вади својот смартфон и ги фотографира пакетите од блиску).
Чуранче:
• Гу гледаш ли овој жиг овде? Ево, гледаш остатак… Н.А., а и овој мал траг од Ј. А, бе, ќе нè потрујеф она злиња, министерка?!?
Сатирус:
• Ова е многу опасна банда. Мало пипало од „длабоката држава“, но многу жилаво.

Сирма:
• Или, подобро, нема доволно сила овој народ за да ја свргне оваа велепредавничка власт. Нема веќе мажи, како што беа Илинденците и партизаните. Сега сите се феминизирани или заглупени како свињи што гледаат само во својата помија!
Алтан:
• А последиците од уште еден неуспешен обид за востание? Што потоа? Ќе ја обвинуваме судбината ли, тогаш? Клетвата на Александар или онаа на Самоил или, пак, клетвата на јагулите, на кои им го прекинавме природниот пат по Црн Дрим до Сарагаското море. Пат, што го користеле милиони години…
Маке Манеман:
• Еднаш јадев охридска јагула во Струга… Но, сега, и вруќ бурек со јогурт би ме направил пресреќен. Туку, што мислите, да го замолиме војников да ни купи храна од надвор? Да собереме пари и да ни земе некаква храна…
Чуранче:
• А, боли гу њега мандало за наше потребе. Ќе си гледа службу, веран пас је то.
Сатирус:
• Ова од ЈУ група да не ти е?
Чуранче:
• Не го ли гледаш?
Северѓанац.
Тај за каријеру, камење ќе гризе.

Сирма Јохансон:
• Ако нè одбие, ќе му се заканиме со штрајк со глад. Сите заедно.
Алтан Арсланов:
• Ова е добра идеја. Би можеле да ја оствариме. Ај, да собереме пари, а и бакшиш за војнкот.
Собираат пари и ги ставаат на масата. Сирма ги брои.
Сирма Јохансон:
• За жал, овде проаѓа само кеш.
Сатирус Силен Пан:
• Изгледа дека нè чека борба со власта.

Продолжува…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This