дома Балкан Дpaма со среќен крај на белградскиот аеродром : Се пopoдила жена од...

Дpaма со среќен крај на белградскиот аеродром : Се пopoдила жена од Тунис

Аеродромскиот тим, доктор и техничар направиле се за да ние само го подигнеме бебето и да го однесеме во болница, рекоа лекарите по среќното породување.

Туниска државјанка роди здраво машко бебе на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, објави денеска Српската радио и телевизија (РТС).

Доктор Даниела Јевтиќ од службата за брза помош изјави за РТС дека пораѓањето започнало на улица, а за само 10 минути по првиот труд, завршило во зградата на аеродромот во Белград.

Жената од Тунис родила здраво момче по име Адам, рече Др. Јевтиќ потврди дека мајката и бебето се добро.

„Тимот од аеродромот, докторот и техничарот направија сè, така што ние само го зедовме бебето и ги однесовме во болница. Им посакуваме се најдобро“, рече таа.